• Ниско котирачки пишуванки од досада:

Вчера додека ја извршував мојата традиционална спортска беседа испред иконостасот на светиот маченик Хералиде… у сред богохулење и молби да свирне пенал у 93та, случајно ми се разјасни дека ја уствари све глеам низ призма на парите.

Еве да зееме нееднаквите:

Пошто ситнеж што се матка низ селски џебови и го има кој ќе стигне ми е испод принципи, мене у новчаник сите, ама баш сите ми биле богородички. Поштењак со тапија.

Една од нив дури буквално – ми се облажи у врска, а ја ни за цицка ја немав штипнато. После тоа знаеш како е… проста маса, клетници почнаа да ми богохулат и шират афери демек се дупела кај ќе стигне. На крај оваа неможеше да издржи и ми раскина пошто сум сумњал и не сум веруел во виша сила и судбина. Едноставно, то није истина…

Али тоа е тоа, не било пишано.

Истото важи и за другине – богородички со тапија од свети турско.

Два дена гзот ќе си го испотиш да  ја спечалиш… за после тоа у рок од два саата да избега кај тапа фраер од другата страна на шанкот. Ти на неа ореол на глава, она тебе рогови у гс.

…и така низ годините, дупка до дупка, се дур гзот не ми стана сито и решето.

Видов не видов, почнав да баратам со странски девизи. Евриќи.

Јасно ми е мене дека 20 евра си се 20 па и у јени да ги смениш… али шознам, овака некако више траат и не ги трошиш за глупости. За ваквиот метод, колегата Тошо еднаш рече:

Фати се, појди 2-3 години, откачи ја… фати друга, па 2-3 години, па откачи ја. Парче!”

Битно, мирна глава… а и интермецот трае цел месец.

Љубов.

—————————————————————————————

Него поминаа пар години и 3 верзии на офис откако се изјаснив по прашањево. Успат промашив пе-шес зицери кои ме научија као се води монетарна политика. Све од погоре занемари!

Јебеш странкиња са плави ајс, а од пара само 5000ка се поштуе! Домачица.

Тоа е друже оној раритет за кој си спремен да напраиш свашта. За жал ако замижиш тешко ти иде да си ја претставиш како изгледа. Никад не си ја имал, а си ја видел негде чат, пат… увек била у рука на некој друг. Најчесто Вол.

Или Бивол.

И така дур чекаш ред на шалтер позади него, припазуваш али се праиш дека не приметуеш како ја гужва без никаков респект. Срце те боли. Чат пат ја префрла у другата рака колку да се види ради чалам и пак ја враќа назад. Знаеш дека кај и да е, ќе ја поебе за глупости…

Ти иде да му ја украдеш дур е свртен со грб… ама не, не си ти таков. Ти си у принцип поштењак!

…и глупак.

Па и пичка може да се каже. Или констатира.

Него што си запнал баш денес у банка?! Ајде кучи.

По пут наоѓаш паднато пеевче. Можда е фрлено… ама кур те боли. Го зимаш и го ситниш на шес десетки без ронка милост. Маста му ја вадиш.

До дома обавезно празниш џебови…

Влагаш у соба и сваќаш дека си роден за шворц.

Comments 1 Comment »

Вторник.

Скопско педерско ветре испунето со лапавица ми штипе образи дур кампирам на станица. У глава превртев Битлс дискографија плус безброј пати Хелп на рипит – залудно. Фамозна радишанска 57ма локомотива ван делник не е зајбанција,  башка некои блокади… 3 месечеви циклуси.

До мене златокоса цура со укомпониран жути кишобран – редок ендемски вид од романтизмот. И неа ја затрефи иста судбина ко мојата, само некој саат покасно… пусто свинско пред Велигден!

Мора да сме сродни души: музикофили, пост комунистички жртви на транзицијата, двајцата иаме фејсбук… и ред други небитни реторики ми се вртеа у глава.

Него, како да и пријдам беше прашањето за миљон долари.

Сакав да го побијам стариот дека титулите на Менаџер се години фрлени у вода. Е сеа, пошто секој шоњо знае дека против 3 класи појак тим се игра мудро… решив да применам искуство. Ultra Defensive. Спуштив капуљача, кренав веѓа и наместив интелектуална фаца. Мора да падне!

…и така пријателе дур она паѓа, паѓа и паѓа, ја мистериозно се вртам еден век околу неа као шестар и чекам да згреши у одбрана па да удрам контра. Не ни видов кога стигна Украинката.

Моментално се створи диво индијанско племе у сред градско подрачје. Бесконечно стампедо од геријатрија у татнежот на воени крици за напад – совршено изигра сцена од “индискиот воз”.

Бем ти влада.

Девојчево сирото, бушаво, уплашено ко да го силувале… јас видно потресен.

Ете затоа више си го поштуем ФАС него животната средина. Човек може да ги наслушне две станици унапред и да си фати пол позиција. Башка со малава ќе удрев сви у напад во продужетци, па што биде нека биде. Вака тешко реванш да има…

Тешко и столчиња богами.

Едно само изнад тркало, а мене пусти љубовни романи ме замајаа дека не е убаво ја да седам а клара да стои. Џентлменски ја понудив, а она ни фала, ни осмех, ни те сакам… ништо! Ваљда е срамежива, или па не и се седи.

Си фативме по една шипка и више на прва кривина почна нејзиниот стриптиз перформанс. Коса се таласа, груда лево, груда десно, трбушни… а ја допишувам у библија дека најголем грев е да се трепне. Го замолив Севишниот да го поживее тој што му дал возачка на шоферов.

После тоа искочивме на булевар и танцот стивна, а ја се вратив у реалноста.

Не ми се свиѓаше.

Врхунац од стендап комеди – сите седат, ја стојам. Па уште и дискретно ме подјебаваат. Стари волци ме прочитаа што сум намерил и ми ја компарираат храброста со муда на комарец.  Јасно беше кој е дворски шут у причава…

Да беше Крис Такер на мое место, друг филм ќе играше:

Тежиште пребацуе со дискриминирачки фори кон најдебелиот у публика. Во овој случај инвалид у количка.
Пардон влекач.
Прво следи предизвик у степување, евентуално ако го болат нозе-танц. После тоа имаш громогласно навијање од цел автобус
“и кој не скока и тој е шиптар”, за на крај да се констатира колку го бичел дубакот у уздолница… онаа после Плетвар.

Али не сум ја таков. Не е мој стил.

Чисто онака напоменав на една бабетина дека од вчера, на автобусов задња станица му е Бутел. Вест ко вест, ако е добра се шири брзо, ако е лоша – уште побрзо.

Да видите вие Мадам Тисо у сред пееседмица! Па и на радио коа цврцна восочни лица и оловна тишина…  Прајслес! Да пуштев тендер, одма ќе ги тртнеа ко споменик.

На следна станица ме симна контрола ради предизвикување меѓу-некојаси нетрпеливост,  нарушување спокојство и 3 инфаркта.

Се симна и она.

Ја чекаше дечко и Марфи со некоја си вештачка буљотина од икебана.

Кујзнае што ќе беше, тој да не беше…

… ама беше.

Увек е.

Comments 18 Comments »

Не онаков за кола…

Почнав да се дружам у поетски кругови… со поетеси да бидам поточен. Слаткоречивост ми тече низ ушиве, као 5 топки сладолед  кроз мал корнет. Одлично е овде. Сонцето заоѓа по 3-4 пути дневно, љубовта нема границии и не се потребни визи… за неа би сторил се!

Грев е сеа тука да застанам…

Таму месечината наликува на мојата насмевка, Вардар шампион, a срцето бие со тактот на камбаните неделни кои оѕвонуваат у рокенрол риф. По некоја романтична вечера, прошетка во паркот и пар нежности испод ведрото ѕвездено небо – се работите кои ми го исполнуваат денот… кога не сум пред компјутер наравно.

Има и пипкање…

Вака некако (за да дефокусирам народна маса) би ја започнал мојата социо-љубовна веледрама која планирам да ја напишам во наредните две реинкарнации ако не и поише… после тоа следи игран филм, па наставак, па сериски продужетци. Онли д скај ис лимит!

Плус ќе си излечам пар комплекси набиени од локални книгопсици што мафтаат со нивниот искористен гс папир на кој чукнале пар нонсенс мисли.

“Чим може Стојан Андов, зашто не би и ја?!”

За делово…

Ко инспиративна муза се јавува склоп од актуелни општествени збиднувања и задремани сцени од глупи романтични комедии гледани под услов: нема филм – нема цицка. За да даам посебен печат ко автор и воедно да избегнам клише љубовен трокут, негде у средината на сижето обавезно вметнувам мистичност и нелогичност.  Виша сила?! Зашто да не…  кур ми е, двор ми е.

Уште од дамнина, невина гејша од белосветските бордели зачнува од самиот поглед во огледалото… и раѓа, абе не раѓа него со проста делба се разложува на партикуларни честички кои под дејство на магични стихови се сублимираат и на свет носат – не едно туку 3 деца. Црнци!

Па не сум ја расист ко оние пред 2000 и кусур…

После тоа они растат, делат едно парче земја на 3 и секој на свој начин држаник во својот мравјалник. Еден монархија, друг комуњар, трет демократ… па имаш и патриоти, предавници, офци, борци за људски права и остали маргинални ликови што попунуваат редови во материјал поголем од два тома.

За сето ова време, занемарениот главен лик односно антихерој, секојдневно води битка со безброј мали ствари што се секојдневие. Тоа се толку мали работи што досега никој не се осудил ни да ги спомне, а камо ли да напише книга на таа тема. Кој ли го заболе што “јунакот” нема пари за цигари, шо комшијата буши у 7, кај му се кључевите, или па го мачи помислата на девојката од неговите сни што е далеку као шеска по математика?!

Да не откривам се.

За крајот…

Крајот уствари започнува кога еден од владетеливе мења статус на мравјалникот, а овој другиов неќе да му го лајкне. Настанува тотален куршлуз во сите мравјалници, а личностите почнуваат да се извитоперуваат и губат смисла… антихеројов го прима сосе јајца и се откажува од се она што му значело. Џастин Бибер му е божество…

Последна сцена…

Ултимативен хард-кор генгбенг у кој не се знае кој пие кој плаќа. Папет мастерот се појавува со својата силуета и  свршава на малоумноста на актерите што несвесно ја изиграле својата улога.

Постхумно…

Јас сум Автор!

Јас сум Богат!

Ознаки: , , ,

Comments 11 Comments »

Си апстинирам така ја пријателе од блог и десоцијални медиуми  ко средношколец у секс преку школска година… кога оп,  стиже пораче у инбокс. Два комада од верни читателки – загрижени зашто не пишуем. Плус сум бил закон у моите бладања…

Кога сум кренал тоа носот успон месеца… па тоа его, па тоа самопоуздање… брат да ѕвони на телефон, не му кревам! Кој го ебе – нижа класа.

Ја доживувам така мојата творечка екстаза едно пе-шес минути и гордо се курчам мафтајќи со носот во интергалактичките простори на свемирската бесконечност. Случајно матер му ебав на едно антенче и пола Европа снема сателитска…

Него пуста карма што ми направи – ме проголта црна дупка као поп сарма. Следно што се сеќавам е како седам на маса у аристократска кафана од пред едно 200 години.

Јебешга… што е тоа е. Него, незгодно вака, место фаќам со празна маса.

Конобар! Приџи ближе…

-          Изволте господине.

Шо бе изволте, клошар еден ти ли ќе ме служиш?! Кој си бе ти?

-          Оноре де Балзак господине, на ваша услуга.

Слушај… губи се и викај шефот. Одма!

Се затрча од карши едно кусо чоече со исполирана плочка “Шеф – Алан По”

-          Повелете.

Така бе братми, малце респект за мене, а не да ме вреѓа кафанава со онаа комедија од човек. Пушти една Пелистерка – дупла!

Ме глеа со поткрената веѓа и не ми ја сфаќа фората… па уште коа ми рече:

-          Жалам неаме.

Како бе нема?!

Одма се присеќавам на едно бившо пријателче – битолчанче. Добро по душа, ама терсене табиет. Катиљ саможивосан искомплексиран… нозе не мие ако не е од битолски водовод!

Ахх гаврани да те јадат! Чим нема, ништо не треба. Жеден ќе си умрам, ама Скопско не пијам!

И заминав…

Си ја барам среќата така со денови испод сонцето низ тие туѓи краишта и живо пиле не сретнав по моја мера. Кога оп! У далечината глеам едно дабче и жбунче од молика први комшии. Се затрчав, па кога сум се испружил под ладовината на тоа моликата… мераци. Така него што! Свој под своето…

Арно ама сонцево имало други планови за мене, задремав и више не се разбудив. Душата ми се успокои на жар. До ден денес се вртат муабети во волчјите кругови дека битолска скара е најбоље…

п.с. за битолчанчево…

Ми се испушти еднаш да му спомнам дека битолски јогурт уствари е од увозно шумадинско млеко. Толку се навреди што пред мене пресно си го измолзе. Од тогаш го игнорирам. Не за друго, неќам да си иам проблеми со сестраму у врска. Типичен скопски педер…

Ознаки: , , ,

Comments 5 Comments »

  • ***** “Сељачизам и Ренесанса” *****

    Сите права демек се задржани!

    У супротно колнам, пцујам и монтирам во фотошоп!