Незнам ни јас самиот колку пати имам доживеано дежаву… едно време дури почнав да сумњам дека сум видовид. Неколку по ред промашени синглови у кладионица ме вратија у реалност, па сеа едино што ми се повтара се песните уз алкохол и реченицата на татко ми дека ги живеам најубавите години…

У право е чоекот. Кур ми чуе за се… мењам жени као шафл на плеј листа и што зарадим – попием.

Така можам два живота да терам…

Арно ама ме задума една мисла што му се деси на еден комшија… не многу постар од мене. Си есапел човекот орално и појма немал дека малата е стварно толку мала. Дали од неискуство, дали ептен влегла у филм незнам, ама знам дека вегетаријанец сигурно не е. Партали го направила со протезата.

Младичов тешко дека ќе есапи и после 2 реинкарнации…

Ме фати страв да не умрам и ја осамен на овој свет, па решив да си фатам женска за озбилно… нек се најде за недај боже, па ако треба ќе ме сака од милостина.

Наравно пошто ситуацијата беше деликатна, а убавината е минлива ствар… место у кафана ко по обичај, зацепав на саем за книга да ловам карактерна.

Уште од старт почнаа проблемите…

Саат време се врткав као странец у поноч дур ми ѕрнка инглишмен ин њујорк на слушалици. Врти – сучи, патот све ме тера на децко оделење, а пусти принципи не ми даваат да отворам повеќе од едно око за опсервација. Среќа што начув саундтрак од супер марио и некако се довлечкав до штандови за компјутерска литература.

Е овде пипо ако не најдеш цура по твоја мерка со која ќе апдејтате драјвери секое сабајле уз прва цигара – нигде!

И се зачитав така една скратена верзиичка на C++ од 5-600 странички, колку да бидам у фраерска поза коа ќе намине животнава… пошто први утисак е најбитен.

Арно ама освен 3-4 идни информатичарки што и во фотошоп да ги спајам у една, пак ќе и фали рука – женско ни за лек!

Се разочарав тотално, па дури и почнав да кројам планови да посвојам една што ќе ја растам и воспитувам по моја мера…

Запишав линк од тоа книжулето да го дочитам дома у пдф и фатив пут под ноги пошто ќе ме стемни дур искочам од лавиринтов на хали и анекси…

Продужува прибидејќи стварно е за озбилно…

Ознаки: , , , ,


10 Responses to “За озбилно”

  1.   lepa angelina nl Says:

    го знаеш оној вицот:
    Прашуваат студентка на ЕТФ: Што е тоа сајбер секс?
    Таа вели: Сајбер …што?
    прашуваат студентка на Филолошки: Што е тоа сајбер секс?
    Таа вели: Каков секс?

    е сега ти види до што ти е…

  2.   novajlija Says:

    А што беше тоа озбилно?

  3.   lepangelina Says:

    нови, тоа е кога ќе ја однесеш дома , ќе ја запознаеш со родителите, ќе ја зарежеш со мајка ти, а ти можеш на рат да си гледаш утакмица.:)

  4.   novajlija Says:

    хаха,е сега ми е јасно,ама јас би одбрал нешто друго место гледање утакмица…
    нај озбилно…

  5.   simplegirl Says:

    хахах, оваа убавава ангелина ако не ме изнасмее, нема кој ;) ;)
    него, нит сум на ЕТФ нит на филолошки, а знам и што значи сајбер секс ;)
    што ме прави тоа??? ;)

  6.   lepangelina Says:

    хаххах! цуро, тоа беше виц у мое време кога компјутерите беа со црни монитори и зелени букви, а чистачките ги беше страв да влезат во кабинетот по информатика, зашто имало компјутери, а компјутерот беше нешто што знае се!
    а иначе што јест, јест: ако сака Пипо да си прави муабет за Ц++ нека оди на ЕТФ. Ако сака цуца, нека дојде во комплексот економски, филозофски, правен!
    и да не обраќа внимание на манијаците шо дркаат на секое ќоше-тие се дел од декорот !

  7.   Pipo Says:

    абе ме скинавте од смеење… више не сум Химен!

    него Лепа, подалеку од ЕТФ и комплексот на глупи факултети… на ПМФ се карактерните :)

    бев, видов, пробав….

  8.   lepangelina Says:

    можда и не е битно, ама бидејќи ти е за озбилно, имав две цимерки на ПМФ: книгите им беа у читална, они играа јамб и после 8 саати редовно се пичкареа, а животна желба им беше да се омажат, да родат две деца и да бидат домаќинки. може сега е поинаку.

  9.   vmoro-aleksandrov Says:

    Дојди на филозофски,тамо е рајот .

  10.   lepangelina Says:

    кажи му александров!
    таму изборот е толку голем, што треба малку време човек да дојде на себе :)
    ќе видиш цурки у патики и фармерки, па некои облечени како тетки со страшно исчупани веѓи и зелена сенка, провинцијалки со мрсна коса, ама со мирис„Триша“, згодни цуци а ла Шерон Стоун, филозофки облечени као Слаѓана Милошевиќ, или примерни цурки со испеглани кошулки кои читаат хаику поезија, дебели, слаби, црни, плави, црвени, сешто.

Leave a Reply