Велат дека сонот кога тогаш се остварува ако искрено се верува во него… пред две години започнав со странцава со доза на скептицизам и неразбирање од блогерите за идејата и крајната цел и намена. Времето покажа дека бев во право… рамо до рамо ја протуркавме идејата со Краљ.

Сега одиме чекор понапред во проширен состав и многу појак тим.

Желбата за обединување на сите блогери без разлика на која платформа објавуваат, некако спонтатно резултираше со креирање на првиот агрегатор за блогери во Македонија. http://blogirame.mk е местото на кое ве поканувам да го пријавите Вашиот блог со што и понатака би продолжиле во промоцијата и развивањето на Македонската блогосфера.

Со оглед на тоа што агрегаторот е во бета фаза, се уште паралелно ќе продолжат да функционираат фидовите од нетворкблогс се до оној момент додека и последниот блогер не го регистрира својот блог на агрегаторот.

После тоа, мислам дека ќе можеме да бидеме свои на своето со многу можности за промоција. Но тука не запираме. Почнувајќи од својата лична потреба и желба како блогер, сметам дека има голем број на начини да се награди трудот и квалитетот на секој од нас поединечно. Не сакам да откривам многу и да ветувам неостварени проекти, но искрено се надевам во нивна реализација.

Кој знае… можеби еден ден ќе имаме и сопствена блог платформа која ќе ги слуша блогерите и ќе биде заедно со нив во сите идеи, желби и предизвици.

Поздрав Блогеришча.

Ознаки: , , , , , ,


27 Responses to “Нов блог агрегатор во Македонија – blogirame.mk”

  1.   Гоше Says:

    Зашто мене не си ме пријавил? http://www.kontraistorija.blogspot.com

  2.   batadjango Says:

    Навијам за вас, саат и за Вардар. :)
    Многу ќе ми биде кеиф, еден ден, коа америте
    ќе праат проект от типот “Осмели се”,
    Вас да ве земат за пример, као фраери кои успале
    да заработат 2.345.456.767 $

  3.   Pipo Says:

    Гоше, пријавувањето иде доброволно од страна на авторот… повели одвој 1 минута http://blogirame.mk/add/

    Батаџанго, може и некоја цифра да се скрати, пак одговара :D

  4.   виолетова Says:

    Ете го пријавив мојот астролошки блог :)

  5.   zoriv Says:

    Честитки за идејата.Пријавен е и http://zoriv.blog.mk/.

    Поздрав

    Z

  6.   prezviterkozma Says:

    еден вид блог агрегатор постоеше на порталот DigiNet, кој веќе како таков не постои… ;)
    во секој случај, поздрав за идејата… :)

  7.   sawyer Says:

    Браво за идејата. Го пријавив мојот блог http://raznorija.blog.mk/ Се читаме :)

  8.   Boris Nl Says:

    “Честитки!!!

    Вашиот блог е успешно пријавен.
    Откако ке биде одобрен од администраторите вашите содржини ке почнат да се агрегираат.
    Во меѓувреме пронајдете нешто интересно за читање.”
    =============================================
    Администратори и “Желбата за обединување на сите блогери”… :) ))

  9.   razvigor Says:

    Поддршка за агрегаторот – и јас планирам да се пријавам откако ќе ја прочитам политиката за приватност.

    Арно ама, зар мора секој нов сајт да се прогласува за „прв“? Освен блог.Дигимак, агрегатор беше и Македонската GNU/Linux планета. Дел од Пинг.мк функционира како агрегатор — r.ping.mk — при што е комбинирана функционалноста на Друпалот за прибирање фидови кои потоа одат во софтверот од Редит.

  10.   outTake Says:

    Желби ли се желби, дечишта наши неродени..

    Али добро што барем зачнале :)

  11.   sneznobela Says:

    Пипо ви посакувам успех и ве подржувам во идеата
    Поздрав до целата ваша екипа

  12.   Pipo Says:

    Виолетова, Зорив, Соер, Снежна… фала и секое добро.

    Штркче :) да у право си за дигимак (еден вид затворен агрегатор). Уште се сеќавам на интересниот дизајн (црно со жолто), имаше и фини статистички податоци. Волан беше таму цар, Јанко бурек вечито втор :)

    Борис не ти ја разбирам поентата/сарказмот… администратор мора да постои поради евентуални злоупотреби и спам при пријава. Или навикнати сме на блогерај ко противуставно село без кучиња… да не навлегувам у други теми. Мало сутра.

    Развигор, денес/утре стига приватноста… на место забелешка, сепак сме бета.

    Што се однесува за агрегаторцките работи мислам дека не се за споредување баш тие што ги наброја. Прво се од затворен или таргетиран тип (дигимак-блогерај, планета-слоб. софтвер).

    Пингот па функционира на друг начин… а и на агрегаторот ко што гледам идат поголеми играчи. Но ете нека не биде прв ако тоа се мерилата… не е ни битно тоа. Мислам дека нешто вакво, баш во овој стил до сега немало. Искрено тоа “прв” и мене знае да ми засмета понекад…

    За крај нека биде комплетна листата http://blogs-mk.blogspot.com/

    поздрав

  13.   Pipo Says:

    Краљ – тебе живели!

  14.   promenlivo Says:

    ќе се зачленам еден ден, но секако дека се може и без мене, до тогаш. :)
    Вие терајте, и сигурно знете дека не кривина не се стиска на гаста.
    позз Пипо.

  15.   promenlivo Says:

    .. на кривина не се..итн.., хаха

  16.   virtuella Says:

    …сон се остварува само на мека перница бела…ми свиѓа тимот, чекам…

  17.   virtuella Says:

    “одвој 1 минута” e релативен поим :)

  18.   darko156 Says:

    Ај и овде од прва рава, да ви посакам да ви тргне и платформа со пун кеш да станете

    Туку, гледам има мерење во коментариве… заборавате дека најди.орг агрегираше содржина од блогови?

    Бидете најдобри, дали први или последни не е воопшто важно.

  19.   Pipo Says:

    Да и најди.орг… можно е да има и уште некои кои згаснале, ако е проблемот насловот ќе го сменам пошто и така беше инспириран од еден твит и немав никаква намера за помпезност или слично.

    Иначе фала за искрената желба, јас се надевам дека нема да бидеме последни. Тоа ќе значи само квалитет и поттик за нови блогови.

    Можеби еден ден ќе дочекаме и кампања од владата: “Блог за секое дете” :)

    Поздрав

  20.   outTake Says:

    http://it.com.mk/startuva-blogirame-mk-nov-agregator-na-makedonski-blogovi/ :)

  21.   Pipo Says:

    Не ми се свиѓаат перјата што ми ги опашале, мада супер е за реклама.

  22.   rambo dve Says:

    Druze Pipo, mi ti se kunemo, da sa tvoga puta ne skrenemo! prijaven I ja!!!

  23.   toshomachorot Says:

    Честитки! :) :) :)

  24.   Morgana Says:

    Јас го пријавив мојот блог и ја разгледував целата страна, не се разбирам многу во тие работи, ама некако многу непрегледна е. Кога ќе стиснеш на одредена категорија се појавуваат блогови со сосема различна содржина од категоријата. Нема категорија за ликовна уметност, така и да функционира по категории , нема да има категорија за мојот блог. Бидејќи има многу блогови , тешко е да се снајде човек , за да го најде тоа што би сакал да го чита. Секако е добра идеава, само ако можете средете ги категориите поубаво . Поздрав!

  25.   Pipo Says:

    Моргана, на место е забелешката. Се уште сме во бета фаза и има простор за промени, развивање и усовршување… поготово во поглед на категориите и нивната релевантност. Ако ти е за утеха, во моментов ниту мојот блог ја нема сродната категорија “раскази” :D

    Ќе се среди, фала што го пријави блогот.

    поздрав

  26.   Tomislav Gosevski Says:

    Честитки. Пријавен сум неколку дена. Не гледам зошто некој ни би го пријавил својот блог. Ние пишуваме, и секако некој треба да не чита. Преку Блогираме можеме полесно да најдеме и прочитаме што другите пишуваат, а и другите нас да не пронајдат и да не читаат.

  27.   ;-) Развигор » Нема потреба новите работи да се прогласуваат за први, на пр. блог-агрегатори Says:

    [...] беше рекламиран како „прв“, и за пофалба откако на еден од основачите му беше укажано на пропустот, го сменија [...]

Leave a Reply