Archive for the “лично” Category

Кога неќе, неќе…

Она мене:

Те видов прв пат кога помина во центарот на кружницата. Те сакам како равенка со две непознати. Се однесуваш кон мене како тангенс и котангенс. Зошто некогаш не скршнеш, па нашите патни линии да се пресечат во една точка. Кога мислам на тебе, помислувам на дропки и на систем од линеарни функции.

ЗОШТО СЕКОГАШ КАЈ МЕНЕ СИ ДИГНАТ НА КВАДРАТ!?

Зошто секогаш сме еквивалентни еден кон друг. Те гледам како множество составено од парни и непарни броеви. Ме заведуваш во црвениот фокус т.н.триаголник. Ме следиш како x и y, ме обожаваш како логоритамска таблица.

Кога те гледам ми нудиш рамностран триаголник, а знам и сигурна сум дека ме сакаш како глобус унија, исполнета со + и -, со множење и делење.

Ја на неа:

Мрш у пизду матер… мазохист!

mathematics_love

Ознаки: , , , , , ,

Comments 4 Comments »

Од повеќекратно искуство можам да кажам дека е многу бољи да си пружиш нозе него да пружаш алишта… затоа преферирам активности слични на план А, зачинети со некоја досетка упатена ван ограда у комшилук.

Седам така у дворчето мое и јанѕа ме јаде што на комшијата му расцветале ружите ко сончогледи, а моиве перверзно наликуваат на попалени брадавици… да кажам на некој дека се од исто коренче луд ќе ме направи!

Али не е све така црно… конечно си го откупив дворот од државата што уствари беше мој уште од турско и сеа слободно можам да фрлам пикавци кај ќе ми текне. За паркирање на точак у зелена површина и мочање на кучето да не праам муабет… значи вака било да си изнад закон! Само да не им текне во иднина да ми шитнат и ваздушен простор над плац, ќе мора да сечам 2-3 борчиња за да уштедам на квадратура. После тоа нема филинг во двор со нижа вегетација и магарешка слива…

…којзнае до кога ќе уживав во призорот на Бег опкружен со природна лепота чии што мисли се вредни за ретвитање… да не ми улеташе другарми цел узбуџен.

-          Брат спасуј… анти бејби пилули… вторпат месецов… сега за онаа…

Што да му кажам!? Не видел човеков мука, па се потресува на клише ствари… па ја на мојава анти-депресиви и купуем ко за доручек. Кај ми текна да ја однесам на баскет баш против Украина?! Сите среќни весели што ги растуривме, она рони солзи и ми преживува пост чернобилска траума… се извадив некако пред народот дека се солзи радосници, ама боли кога ја знаеш вистината.

Драми и романтични филмови одамна не гледаме, неможам, срам ми е… комшииве мислат свињи колам по дома, а и влага ми фатија ѕидовиве од плачење. Место ко нормално женско да чита свет и да трачари, она ми штанца критики на депресивна поезија… за викендите боље да не почињам, исполнети се со сонати од Шуберт, типс енд трикс од Шопенхауер и многу палома…

Ептен се унесе другарчево у муабетов па речиси и да заборави зашто дојде… му пуштив едно европско 10че на заем и го испратив по дома со совет да и го фркне уше еднаш дур не фатила мајата…

И така, кур ми е двор ми е… да допружам нозеве и ќе идам да стаам знак на плочки “пази лизгаво” – кај и дае мојава ќе дојде да испуни норма.

Него крв му ебем комшиска! Црешана гранки му нависнала, а ја од мојава чаша сок на растварање дал ќе извадам…

Ознаки: , , , , ,

Comments 6 Comments »

Све се врти…

Се врти анорексичната стрелка на саатот… и таа нормалната, па дури и онаа елегантно попунетата. Можеби најспоро, поготово навечер, ама сепак се врти! Друштво им праи и еден комарец околу сијалица и циган низ маалскиве дворови… потпуно ги разбирам.

Се врткам и јас нервозно низ соба и со мал прст го мешам кафето обратно од саатот. У систем се врти диск на Казалиште, а во мозоков веќе подолго време ми се врткаат исти мисли. Среќа имам заглавено песна на рипит, па некако разбивам монотоност со разни изведби на истата.

Од утре ќе свртам нов лист… демек.

Знам џабе вртам празни муабети. И другпат сум рекол така, па на крај заврти наврти пак на исто. Поминаа тие времиња коа безгрижно се вртеше табла до сабајле.

Абе ти викам ја, све се врти.

Најзаебан ми е тоа таванот коа ќе легнам ќор пијан. Пола саат вртење ко на рингишпил и цревава у стомак ламбада ми играат… утредента па сум приморан да тегнам чај од вртипоп. Мушка камилица што ја викам ја.

… него вака глупи муабети у ворд можам да вртам до задутре. И ќе вртев, мајке ми… да не свртев случајно канал и да фатам реприза на “Врти сучи тоа ти е Скопје”. Маме му ебем, ептен се заврти сеа…

Готово неможам више. Идам да свртам некое крукче низ маало… можда ќе ги начекам маалскиве како вртат на клупа. Ќе свртам и ја една штафетка. Увек вртиме. Осим коа е Цвеле со нас.. пошто тегне ко вол. Чек да му завртам да видам кае…

Недостапен. Добро е… сигурно врти некои бизниси низ градов. Ајде идам ја!

Сврти и ти… блог де.

Посветено на обратно свртениот индекс со просек 9

YouTube Preview Image

Ознаки: , , , ,

Comments 3 Comments »

Чуден сон сум сонил… да ми кажуеле немаше да веруем!

Знаеш као оно седиме у кафич па нарачуеме точено скопско и конобарот ми вика па само такво иаме…  веднаш носи без да кревам 2 прста по него 15 пати и сервира на маса замрзната кригла уз извињење дека место кикирики ќе мора да послужи бадеми.

Нема везе пријатељу простено ти е… ради денов… нашиве играт на свецко, није то шала.

И почиња химна, а ја глеам околу мене поише луѓе со рака на срце него на српска песна и се осеќам горд што сум од Македонија… да да, кратко и јасно Македонија. Без додавки и придавки од траги-комични страни на светот и речни корита.

Почетен ударац и почиња 90 минутна блажена состојба. Зарипнати грла и знаме со 16-крако сонце на цела трибина. Оваа мојава депилирана од идиотски простотилук навија више од мене и за првпат глеа фудбал, а не “20 души по топка”.

Стига полувреме и убијам досада со крстословка. Да не беше гугл никад немаше да погодам као се вика еден дувачки инструмент од африка. Дури и добив желба некад да го чујам како звучи…

Таман да почне второ, коа сонов микса песни ко тапа диџеј…

Дипломска ово оно, собрани со колегиве вртиме вицеви за програмери и сите уствари имаат појма што тоа значи. Гордост е да си прва генерација што навистина нешто знае од компјутери…

И пак диџејов ми шафла стилови ко музичка желба на телевизија…

Се возам у ЈСП и не ми се стануе од столче… што убаво ме лади климава со арома на ванила. Влага постар човек со ампутирана нога и веднаш двајца копиљаци стануваат да му отстапат место. Никој не ги праи ненормални ради добриот гест и седнуваат позади на друго слободно столче…

И којзнае до кога ќе терав со сонов да не разбуши комшијата со бормашина уште по сабајлечки… станав со скудни маки и прснав на лице кисела вода да ми отвори очни капаци. Долг ден ме чека. Треба да идам до факс, после утакмица да се глеа, па со автобус на работа….

Убаво е да се живее сонот. Само тоа нијансите знаат да бидат педерски!

Ознаки: , , ,

Comments 10 Comments »