Archive for the “сеир” Category

Виртуелен Сељак гледано од мој аспект ти е државна администрација. Неписмењак, копук, дибидус и створ од човечко битие што беспотребно попунува дата бази на сервери…

Тоа е појава распространета ко турбофолк и е битен фактор за ширење на “Сељачизам и Ренесанса” во општествени кругови, или маалски кажано – друштва.

Виртуелниот сељак се приметуе од прва. Obozava da pisuva latinica, се wigawi на секој збор и е зависник од 6ki, човек да помисли дека е мавнат со 4eki4 по глава…

Ако е у понапредна фаза ондак кРеАТиВниТе klETkI mU DosTiGAaT MaKSImuM што веднаш паѓа у очи, но ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ СИ СТИСКА КАПСЛОК ЗА !!!!!!!!!!!!!!!!!!! – те да му имаат смисла.

Виртуелен сељак на нет го има ко миленце у македонска куќа… а фабриката му е каде ако не на фб. Ќе поминат уште векови и векови дур научи дека постои копче “вметни линк”  и јутубот во најдолгата можна форма http://www.youtube.com/watch?v=s-UIOVAp75U&feature=related ќе исчезне као рептосаурус… до тогаш ќе лајка патетични сингл статуси, свои објави и ќе се моли да измислат лајк на лајкот.

И ништо од ова не е битно, битно е дека е член на идиотски групи кои телепатски ќе му кажат кој му го мањачел профилот или пак ќе му го кренат егото до плафон… се  у комбинација со 356217357621 статуси од типот “се бањам “(браво успат) и “си поминав најубаво во живот” (по третпат неделава) а тек је среда.

За малолетничко понашање на “жени” у години од типот срцка, најубави, френдици… неќам ни да почнам – алергичен сум више него на сликите со напрчени муцки. Затоа ќе завршам со една мудра мисла од господичниот Рамбо Амадеус:

“Турбофолк е кога простаци доаѓаат во допир со техниката

Ајде живели…

пи точка ес – Авторот со своите 22 никад у живот не попил пиво од чаша у кафана… што наравно не го прави Виртуелен Сељак!

Ознаки: , , , , , ,

Comments 18 Comments »

Пред некое време приметив дека у маало за некоја година и копиљациве ќе ме шаљаат по цигари. За среќа во ординацијата ми дијагностицираа комплекс на нижа вредност и ми препорачаа терапија:

zivagic

Под итно сите пропуштени априлски маски да ги употребам во секојдневниот живот и да бидам како рајата – “совршен пред светот”.

Да бев женско најверојатно ќе ги полирав новите ципели и ќе наметнував со сила некој комплимент од мушката популација… можеби и ќе ми се пунеше егото со безброј лајкови и срцки на фб или па ќе живеев среќно и весело со мањачење на дневните активности искажани преку статус… ама не сум.

Мушко у принцип е маалски фраер од други причини. Прв предуслов е да има неколку опомени од комшиите да затвара прозор при “бушење” или да биде понежен со Синоличка во доцните часови. Тимот за кој навија да има бар една титула у задњиве три години и да биде препознатлив по уникатна комбинација на турирање со колата увек кога иде у јебозовни активности.

Веднаш спуштив дузина порки со теткици шо завиваат како волци у планина… Милан дресот го спалив као научник у среден век и го извежбав ритамот на егоистичково пумпаџиско срање

Веќе наредниот ден се осеќав возвишено. Ништо не беше како порано… животот почна да ми цвета позади маската. Им се потсмевав на оние што до вчера беа ко мене т.е. јас ко нив, а денес ги гледам од врвот на ајфел како зрно песок. Пљукнав на деновите, на моментите, на спомените…

Слепци!!!

…еве ме сеа седам на Ленинова уз фенси цвикера. Интер дрес и малборо цигара се само доказ за мојата успешност у животот… околу мене женски фрчат као лајкови на српска порука со грешка у падеж… а ја пробувам да не бидам насмеан цело време – невозможно! Ептен ми е кул животов.

… а еднаш еден мудар човек рече: пивото испиено на клупа со блиските е 3 пати послатко него коктелот на сепаре со лажњаци…

Но шо знае он… насмејте се блицот трепка!

Ознаки: , , , , , ,

Comments 10 Comments »

Еве уште еден мушки муабет изваден од мал мозок:

Генералка претставува процес кој секое машко треба да го применува еднаш годишно.

Процесот е составен од повеќе етапи:

  1. 1. Контаминација – Максимално прљање на собата на секој можен начин (кога ќе предизвикате повеќе константни реакции кај гостите на нагон за повраќање од мирисот и глетката) или кога самото влагање ќе ви биде отежнато односно ќе се заглавите од расфрланите ствари – ондак е време за акција!!!
  2. 2. Планирање – Двомесечна поготовка и одложување на акцијата ради најразлични глупи изговори.
  3. 3. Чистење – приморан акт кој се извршува во шталата (кочина) поради здравствени причини, а следи по препораката од докторот да пешачите поред велешка топилница со што би вдишале почист воздух.

За првите две етапи нема да говорам многу… почитувајќи ја единката како конституционален член на општеството ќе ве оставам сами да ја користите својата фантазија и желба…

Она на што сакам да се осврнам е третата етапа и техниките за чистење:

(напомена: секоја техника деконтаминира различен тип на радиоактивен материјал и состојки)

Шутирање – оваа техника би требало да се примени уште на стартот. Ефективна е кај покрупни парчиња на ѓубре или облека. Плакарот може да ви биде замена за гол и слободно повежбајте слободни ударци… ако не успеете од прва, ондак од втора, трета…

Клизање – клизањето е ефективно за кршливи предмети ко што се празните флаши и разни рамки од слики. Се што треба да направите е да ги пролизгате под кревет и совршено ќе ги снема од вашиот видик. Првите 2-3 најверојатно ќе идат курбан дур ја осетите силината со која треба да ги проклизнувате, а да не се удрат и искршат од ѕид… без  паника, срчите се на недостапно место така да не постои опасност да се исечете.

Илузија – техниката на илузија уствари значи чистење на ѓубре на тој начин што тоа е сеуште присутно но невидливо за око. За оваа намена најчесто го користиме тепихот со тоа што ѓубрето го буткаме испод него. За жал тој е со ограничена квадратна површина и може да деконтаминира само одреден вид на отпад со специфична форма (храна, пикавци, меки материјали и ситни парченца). Затоа тука на помош доаѓаат тешко достапните процепи и тајни местенца кои се дел од секоја соба и на крај памет би му паднало на некој да погледне таму.

Садовирање – оваа техника е многу брза, претставува собирање на сите шољи, чаши, тањири, виљушки… и нивно префрлање у умивалник (или пред врата). Понатаму не е ваша обврска и не треба да ве интересира.

Ќош – техникава ќе му дојде ко нус производ на претходните… се она што не сте успеале да го очистите со претходните техники го џиткате у ќош, со надеж дека ке се саморазложи до другата година.

Замачкување – тоа е процес у кој се замачкуваат сите флеки по тепихот масите или ѕидовите… најчесто се извршува со носена чорапа која се навлекува ко ракавица преку раката. Флекосаното место се попљукува и со кружни движења во правец на сказалките се врти се дур бојата на основната површина не се поистоветува со флекосаната…

Така по завршувањето на третата етапа од генералката, по кружен редослед повторно се преоѓа на првата етапа односно загадување. Најдобро е да се поканат сите другари… да се напраи скара, да се мези салата и да се пие до раните утрински часови…

Ознаки: , , , , , ,

Comments 17 Comments »

Др. Живагич и неговите помошници-волонтери, одржаа итен состанок на кој беа донесени следниве заклучоци:

Се поздравува и ОПРАВДУВА законот за забрана на ПУШЕЊЕ – отсекогаш сме преферирале дупење.

По негов терк би препорачале десетина ствари кои би требале да се најдат на црната листа на загадувачи, со што би се подобрило здравјето на граѓаните.

Mad_scientist_caricature.png

Под итна забрана на автомобилите и останатите моторни возила. При тоа секое семејство ќе добие точак и количка за пазарење која може да ја замени за инвалидска ако има стаж над 30 години.

Укинување на школството и јавно спалување на книгите бидејќи читањето го расипува видот.

Да се забрани служење на свинско месо во кафаните, како и пржење, динстање и подгревање на останатите видови меса. Оваа забрана единствено не би важела за овчиот мозок.

Упаљачите се едни од најштетните и најопасните уреди на денешницата. Испуштаат штетен гас – плин, кој има и експлозивна моќ . Затоа истите ќе бидат компензирани со 2 камења кои ќе си ги ископате сами.

Да се забрани Фејсбук поради дејството на затупување на младината.

Турбофолкот е уште еден пример за труење на рајата по кафичите.

Солта е убивач на организмот – хитна забрана!!! Истото важи и за посолените продукти: семки, сончоглед, бадеми и фстаци.

Кечап, мајонез, паштети, кока кола и остали газирани сокови, фаст фуд, крем банани, киндер јајца, гумени бомбони и медени срца никако!!!

На крај да се протераат од планетава сите противници на овој предлог, а тие што ќе останат слободно да си го ПОПУШАТ!!!

Ознаки: , , , , , , ,

Comments 29 Comments »