Archive for the “љубов” Category

На небото ѕвезда ни преку телескоп… место бисерни школки на плажа сијаат пикавци и ѓубришта. По некој полузакопан камен кој ти крши прст по прст и песок во очи од кој и течат солзи по прашливото лице…

Ни трага ни глас од синиот поглед со прајслес насмевка…

А не беше вака у сите тие љубовни бестселери!

Таму ветрот и ја галеше косата, а јас одев по работ на обалата без да се плеткам у смрдлива тиња… шумот на брановите делуваше толку смирувачки и место да пљукам коса, долго уживавме во вкусот на секој бакнеж. Уопште не ни беше ладно, ја загреа кошулата што ја носев врз маица, која патем не беше препотена…

И како сега ја да бидам романтичен јунак?!

Криво ми беше…

- Пипо, нема везе…

Ама…?!

- Стварно, нема везе… ти си тука, во добро и лошо… нели?!

А не бев, многу пати не бев…

- Пипо, нема везе…

Ама…?!

- Стварно, нема везе… уопште не ми е битно… битно сега си тука!

А не бев, со мислите се давев во проблеми…

Знаев што следи, па побрзав да ја гушнам… ја потегнав без осет и ја стегнав најсилно… мислам дека коските и крцнаа.

Ме погледна, се насмеа и ми рече:

- Уживај, нема везе…

А имаше…

.

Тогаш сфатив што е љубов, ми го оствари сонот…

…на сон

.

YouTube Preview Image

Ознаки: , , , , ,

Comments 12 Comments »

Вчера као да сањав  нешо као денес е валентајн и као демек не е трифун… Као пијам утринско кафе спремено од тебе и као лежиш ти до мене…

Као ја и ти сме заедно и као Тој и Таа никад не ни биле у нашите животи… Па као демек слепо веруваме у нас и секој заеднички ден као да е приказна за себе…

Те гушкам најсилно као да е задњи момент од мојот живот и као да викам фала на некој таму горе што те сретнав кога ми беше најпотребна… ме погледнуваш скришум као некад кога бевме далечни и као со поглед да ми кажуваш тоа што сакам да го чујам…

Сеуште необјасниво се кочам на тие очи и сеуште изгледам као заљубено прваче изгубено низ школски ходници… а ти сеуште ми возвраќаш со слатка насмевка зад која се крие лошо искуство, скриено као годините на моето лице…

Повторно тргам поглед за да не бидам нешо као нападен, исто као што праев на времето кога јас и ти бевме само као мишн импасибл… и  као намерно глумам молчелив пошо скоро увек реченицата добива лоша извртена смисла…

Сеуште го кршиш ледот и знаеш као да ме погодиш у срце со секој твој као случајно кажан збор или споделена емоција…

Еве  и песните на радио знаат да се погодат утрово као некогаш во ноќите…

Замижувам и размислувам као да го наговорам времето да застане, као да биде вака засекогаш, као да остане ова последниот спомен од нас и као никогаш да не исчезне… залудно.

Сфаќам дека као и да свртам исто ми се фаќа… ќе исчезнеш после неколку саата сонување исто као у реалност.

Пак ќе треба да чекам со денови да бидам у твоја близина и пак ќе сањам дека моите сништа се вистински…

Се будам… и се е као порано…

Место тебе, лаптоп у кревет ми праи друштво…

Као се облакам и као трчам до продавница да не ме фати закон за алкохол… денес е трифун.

Нек ти е среќен валентајн…

Држ и песна… ти ја дужев мојата патетика.

YouTube Preview Image

Ознаки: , , , , , ,

Comments 25 Comments »

Што е љубов?

Љубовта е прекраснa, искренa, интереснa, милa, по малку лажнa, смешнa, тешкa…

Понекогаш љубов е и едно обично здраво, возење во автобус или шетање за рака… Љубов е и кога срцето ти дрнда, ако се облакаш убаво или имаш добар стан.

За да бидеш заљубен треба да имаш мангупска фризура, златен заб и да не си дебел… пожелно е и да поседуваш срце во очите, да се бањаш и да бидеш крупен.

Најбитно од се љубовта секогаш е помеѓу момче и девојче… во спротивно ништо од ова нема смисла. Погледајте закон се:

YouTube Preview Image

Заборавија да кажат дека понекогаш љубовта е сурова… незнаат мали се, ќе научат!!!

Ознаки: , , , , ,

Comments 24 Comments »

Со смирен поглед, нишанев кон небото.

Силен истрел одекна низ градот.

- Што правиш синко? Праша случаен минувач.

- Симињам ѕвезди стари. За Неа.

- Пази да не ја погодиш у срце. Раната таму највише боли.

- Не се плаши, само ќорци има.

- Па како ќе симнеш ѕвезди?

- Џабе да објаснувам, нема да разбереш, никој неможе…

Не ме сфати. Се зачуди и си замина.

Така и ти, прочитај и оди си.

Photobucket
Ознаки: , , , , , , , ,

Comments 40 Comments »